Чекаа челниците и навивачите на Евертон неколку недели, Сем Алардајс да се „смилува“ и да прифати да го преземе кормилото на великанот од „Гудисон Парк“, кој по неуспешниот експеримент со Роналд Куман се најде во опасната зона.
Најновите информации од Англија сведочат дека договорот по тешките преговори е постигнат, и дека Алардајс ќе се врати од пензија и утре ќе биде именувам за нов менаџер на „Карамелите“. Очигледно за финансиски предизвик, Евертон подготвил милиони за да го убеди еде од најдобрите тренери да го врати од пензија во која замина летово откако го спаси Кристал Палас од испаѓање од лигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Да потсетиме, тогаш Сем истакна дека фудбалот повеќе не го интересира, дека сака да игра со внуците и да патува со својата сопруга низ светот, но очигледно неговото искуство е неопходно за Евертон да ја избегне селидбата во Чемпионшип и тажната судбина.
Се очекува, Алардајс утре во пресрет на дуелот со Вест Хем да биде официјално именуван и да го преземе местото на привремен менаџер на Дејвид Ансворт кој се снајде во изминатите еден месец по смената на Роналд Куман.