Бенџамин Павар ќе го носи дресот на Баерн Минхен!
Павар зад себе има година од соништата!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За нешто повеќе од 12 месеци го помина патот од германската Цвајт до титулата светски шампион и транасфер во Баерн Минхен!
Гигантот од Минхен го обезбеди неговиот потпис за наредното лето. Тогаш ќе биде активирана откупната клазула во висина од 35 милиони евра за момчето кое го воодушеви фудбалскиот свет.
Павар со сигурност од наредното лето ќе го носи дресот на Баерн Минхен, но можеби и веќе од оваа тоа се уште не е во целост договорено. Во тек се преговорите помеѓу Штудгарт и Баерн.
Французинот на мала врата од пред две години пристигна во Штудгарт од Лил, играше во Цвајт, а потоа стана еден од клучните играчи во повратничката сезона во Бундес лигата и така избори место и во репрезентацијата.
Со оглед дека беше непознат на пошироката фудбалска јавност, Павар беше вистинско откритие на Мундијалот.