Македонскиот прволигаш Гостивар во третото коло ги освои првите бодови во најсилната македонска фудбалска лига, па објави дека се засили со двајца африкански фудбалери.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за фудбалери од Бурунди и Брегот на Слоновата Коска. Гостиварци прво објавија дека го довеле Јаник, Нукурнзиа, фудбалер кој игра како централен и дефанзивец играч за врска. Во Гостивар пристигнува од младинскиот погон на турски Анталијаспор, а има 21 година.

Второто засилување за Гостивар е од Брегот на Слоновата Коска, Гоба Закпа и има 31 година. Тој може да игра на двете странични позиции и до ова лето настапува во Сабаил од Азебејџан претходно бил дел од: Етникос Ахна, Рио Аве, Санта Марија, Жил Висенте, Фелегуераш…