Tимот на Гостивар кој е дебитант во Првата македонска фудбалска лига се соочи со проблеми поради своите навивачи.
Гостивар објави соопштение на клупските социјални мрежи барајќи од фановите да престанат да ги навредуваат фудбалерите на тимот што било случај во натпреварот против Шкендија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Драги навивачи на Гостивар, деноноќно работиме за да оствариме успех, направивме трансфери на фудбалери од цел свет за да им овозможиме на фановите, од трибините да гледаат убав фудбал. Сакаме навивачите да слават со нас кога победуваме, да не тажат со нас кога губиме и да ни дадат поддршка во секоја ситуација. Ги респектираме оние кои не поддржуваат, мило ни е што се секогаш со нас.
Не сакаме навивачи или навивачки групи кои ги навредуваат своите сопствени фудбалери, стручниот штаб или претседателот. Не ги почитуваме тие кои не не почитуваат нас. Навреди од навивачка група по одличната игра против лидерот Шкендија се неприфатливи. Ја осудуваме таа група“, објави Гостивар.
Малку е чудно што навредите за фудбалерите доаѓале во моментите кога Гостивар беше блиску да слави против актуелниот лидер на табелата. Гостиварци водеа со 2.1 се до завршницата кога Шкендија се спаси од пораз.