Дома Македонски спорт Мак фудбал Гол шоу на Ибраими, Шкендија го реши двомечот против ТНС уште во Скопје

Гол шоу на Ибраими, Шкендија го реши двомечот против ТНС уште во Скопје

Денес од 20:15 на Арената „Филип Вотори’ Шкендија го одигра својот натпревар од квалификациите за влез во Лигата на Европа.

Клубот од Тетово одигра фантастичен натпревар и може да се каже дека победникот во овој двомеч против ТНС е решен уште по првиот натпревар, со оглед на победата на Шкендија од 5:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тетовци рано уште во 14 минута отворија со голот на Емини.

За нов гол се чекаше до 38 минута кога и започна вистинското гол шоу на Бесарт Ибраими. Прво, во споменатата минута зголеми на 2:0.

На стартот од вториот дел го постигна и вториот погодок, а после точно еден час веќе имаше три погодоци на своето конто.

Конечните 5:0 беа поставени во 66 минута и по четврти пат стрелец беше Ибраими.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…