Резервниот голман на Интер, Андреа Ради направи аматерска грешка против Болоња која така дојде до победата и го остави Милан на лидерската позиција на четири кола до крајот.
Романскиот чувар на мрежата аматерски реагираше после вратената топка, а тоа Сансоне го искористи и погоди за 2:1. На четири кола до крајот сега Милан има 74 бода, Интер 72 со ист број одиграни натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Разбирливо голманот беше разочаран и во солзи го заврши натпреварот. Во таа ситуација неговиот соиграч Дамфрис не дозволи камерманот да го снима, веројатно не сакаше да се создава дополнителен притисок над него како главен виновник за поразот.
After the game, Inter players escorted a clearly distraught Radu to the dressing room with Dumfries going out of his way to stop the cameras recording the sobbing goalkeeper. pic.twitter.com/jriWvmGgWs
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) April 27, 2022