
Од вчера започна продажбата за билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Косово кој е предвидено да се игра на 26. март.
Како што е познато билетите не се продаваат онлајн, па пред билетарата на Арената се создава гужва. Денес ФФМ соопшти дека поради ваквата ситуација билетарата ќе работи со продолжено работно време до 21:00 часот.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
“Поради голем интерес за натпреварот на Македонија против Косово, билетарата на Градски стадион во претстојниот период ќе биде отворена до 21ч“, стои во објавата на ФФМ.