Дома Останати Тенис Големо изненадување: Ѓоковиќ не е прв фаворит за освојување на Ролан Гарос!

Големо изненадување: Ѓоковиќ не е прв фаворит за освојување на Ролан Гарос!

Според светските обложувалници, Новак Ѓоковиќ во овој момент иако е на врвот на АТП листата не е прв фаворит за освојување на Ролан Гарос.

Новак Ѓоковиќ од обложувалниците рангиран како втор најголем фаворит за освојување на турнирот во Париз. Интересно е што пред него не е ниту Јаник Синер кој по триумфот на Австралија Опен го игра најдобриот тенисер во кариерата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Букмејкерите најголеми шанси за освојување на Ролан Гарос изненадувачки му даваат на Карлос Алкараз кој не игра баш во форма каква што се очекува од него. Очигледно тие сметаат дека Алкараз може да биде наследник на неговиот сонародник, Рафаел Надал кој најдобриот тенис го играше токму на овој турнир.

Коефициентот за победа на Алкараз на овој турнир изнесува 2.8, за Ѓоковиќ 3.5, додека пак Синер е на третото место со 5.5.

Покрај рангирањето на Алкараз како прв фаворит за изненадување е и позицијата на Рафаел Надал кој е веднаш зад првата тројка со коефициент 6.5. Надал мака мачи да се врати на терените поради повредите и е далеку од неговите најдобри денови, па затоа ретко кој очекуваше да биде рангиран волку високо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…