Дома Фудбал Италија Големи проблеми за Милан пред мечот со Јувентус

Големи проблеми за Милан пред мечот со Јувентус

Вечерва на програмата е големото дерби во Серија А помеѓу Јувентус и Милан.

Милан ќе биде значително ослабен за овој натпревар бидејќи тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли нема да може да смета на седум фудбалери.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ибрахимовиќ, Бакајоко и Круниќ го пропуштија и мечот со Ливерпул поради повреда, а нема да бидат во конкуренција и за овој меч.

Жиру има проблеми со грбот и не е повикан за мечот со Јувентус, а голем хендикеп ќе биде отсуството на Давиде Калабрија, кој игра одлично од почетокот на сезоната.

Листата на фудбалери кои ќе го пропуштат големото дерби ја комплетираат новото засилување Месијас и младиот Плизари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рахим Стерлинг најде прв клуб надвор од Англија!?

Рахим Стерлинг важеше за еден од перспективните англиски фудбалери. Во кариерата, играше з…