Tимот на Металург подготвува силен тим за наредната сезона.
Продолжувањето на договрите на тренерот Марковски и Златко Хорват беа само првите најави, следната недела Металург добива две големи засилувања. За пошироката јавноста е веројатно изненадување, браќата Ниокас доаѓаат во Металург.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Преговорите Металург ги водел неколку недели. Вчера француските медиуми објавија дека деталите се договорени и следната недела Оливие и Кевин Ниокас доаѓаат на потпис во Автокоманда.
Најавите се дека двајцата ќе потпиша двегодишен договор, а доаѓаат најмногу на инсистирање на тренерот Марковски. Оливие Ниокас е соиграч на Лазаров во Нант, додека неговиот брат го носи дресот на Бенфика.
Дефинитивно Металург со вакви засилувања прави респектабилен тим кој може да се приклучи на Вардар и Е.Пелистер во трката за титулата.