Претставници на најголемите европски клубови утре ќе имаат средба со раководните луѓе на УЕФА, а тема ќе бидат евентуалните промени во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампиони.
Средбата ќе се одржи утре во седиштето на УЕФА, Нион и ќе биде од неформален карактер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се претпоставува дека клубовите сакаат да предложат нов модел, кој ќе вклучува создавање на супергрупи за влез во Лигата на шампиони. Тоа уште повеќе ќе го ограничи присуството на малите клубови во најлетниот турнир.
Ќе биде разгледано и евентуалното преместување на натпреварите од Лигата на шампиони во викенд, како и играње на финалиња на стадиони надвор од Европа. Тоа дополнителни ќе ги зголеми приходите од ТВ правата.
Сите овие промени би можеле да бидат воведени дури после 2024 година, бидејќи има договор дека овој формат на Лигата на шампиони не може да биде променет до споменатата година.