Дома Фудбал Лига на шампиони Големиот Маскерано призна: Имаше пенал, го фаулирав Ди Марија!

Големиот Маскерано призна: Имаше пенал, го фаулирав Ди Марија!

Барселона синоќа го направи најголемиот пресврт во модерниот фудбал. Осми март од синоќа не е само Меѓународен ден на жената, туку и ден кога невозможното стана возможно, барем кога е фудбалот во прашање.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На мечот синоќа имаше неколку спорни ситуации и сите беа во корист на шпанскиот тим. Со денови ќе се расправа дали судијата требаше да свирне пенал над Суарез во 90-та минута или дали имаше пенал за ПСЖ откако Маскерано го фаулираше Ди Марија.

Ситуацијата во 85-та минута слободно може да се каже дека беше клучна за натпреварот. Ди Марија излезе очи в очи со Тер Штеген и во моментот кога шутираше го стигна Маскерано, па фудбалерот на ПСЖ се жалеше дека имало контакт.

„Нема да лажам, имаше контакт. Го допрев Ди Марија и влијаев на неговиот шут, но сметам дека тој судиски превид не е причината поради која го елиминиравме ПСЖ. Неверојатно е колку е тешко да се бркаат четири гола негатива, дадовме три и сепак бевме толку далеку. Слободниот удар на Нејмар ни ја врати вербата – се останато е историја“, изјави Маскерано.

На крај може само да се заклучи дека и покрај судиските превиди ова беше една од најголемите победи во историјата на фудбалот и целите заслуги за тоа одат на сметка на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Биелса објаснува зошто не гледаше во камерата на фотосесијата за Светското првенство

Марсело Бјелса реагираше на неговата вирална фотосесија за ФИФА, при што одби да гледа во …