Легендарниот Андрес Иниеста донесе конечна одлука на 40 години да стави крај на професионалната кариера.
Иниеста минатото лето одлучи уште малку да ја продолжи својата кариера со трансферот во Емиратите, но сега смета дека е вистински момент да се повлече.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Официјално одлуката, Иниеста ќе ја соопшти на 8 октомври бидејќи неговиот омилен број е токму 8 и во октомври кога пред 22 години дебитираше.
Во кариерата Иниеста освои се што можеше да се освои со Барселона и Шпанија, а во 2018 година одлучи да го напушти каталонскиот клуб. Потоа помина пет сезони во јапонскиот Висел Кобе пред да одигра уште една сезона во Емиратите.
Еден од момнентите по кој сигурно ќе се памети е голот во финалето на Светското првенство во 2010 година кога ја донесе титулата светски шампион за Шпанија. Со репрезентацијата освои и два европски шампионати во 2008 и 2012 година.