Дома Фудбал Останато Иниеста во солзи се збогубаше од Висел Кобе, но не ја завршува кариерата

Иниеста во солзи се збогубаше од Висел Кобе, но не ја завршува кариерата

Aндрес Иниеста заминува од Висел Кобе, но кариерата не ја завршува и веројатно ќе продолжи во МЛС лигата или во некој од клубовите на Блискиот Исток.

Легендарниот шпански фудбалер во солзи на прес-конференцијата за медиумите објави дека по пет години заминува од јапонскиот клуб и потенцираше дека не ја завршува кариерата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Сите очекувавме дека од тука ќе заминам во пензија, тоа беше и моја, но и желба на клубот. Сепак, заминувам поради недостаток на минутажа, тренерот има некои други приоритети. Тоа го почитувам и го прифаќам“, изјави 39-годишниот Иниеста кој сезонава одигра само три натпревари во лигата и две во купот.

Поранешниот играч на Барселона вкупно за јапонскиот клуб одигра 133 натпревари и постигна 26 голови, додавајќи 25 асистенции. Во Кобе заработуваше 25 милиони евра по сезона и според најавите клубови од МЛС и Блискиот Исток се заинтересирани да го доведат.

Иниеста во минатото со Барселона и репрезентацијата на Шпанија освои се што можеше да се освои во фудбалот и беше клучен играч. Во финалето на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка го постигна одлучувачкиот гол за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …