Дома Фудбал Останато Големината на Роналдо уште еднаш на дело: Во Мадеира израдувал млади фудбалери!

Големината на Роналдо уште еднаш на дело: Во Мадеира израдувал млади фудбалери!

Кристиано Роналдо без дилеми е еден од најголемите спортисти на дешеницата, но ѕвездата на Јувентус е и голем хуманитарец.

Роналдо секогаш помага каде што е најпотребно, во борбата со коронавирусот имаше неколку акции, најмногу во неговата родна Португалија. Сега од Португалија ни пристигнуваат и информации дека ги израдувал фудбалерите на Мадеира кои му помагале за време на тренинзите додека бил во карантин.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Роналдо скоро два месеци помина во неговата Мадеира, а формата ја одржуваше на теренот на второлигашот СД Национал.

Еден од оние кои тренирал со Роналдо бил младиот голман и член на тој клуб во тимот до 19 години, Фелипе Гонклавес. Роналдо како благодарност на сите играчи на клубот им купил подароци.

„Кристиано цело време не изненадуваше позитивно. На последниот тренинг тој почна да ни дели подароци. Но, повредно од подароците е што имавме прилика да тренираме со нашиот идол. Тие денови беа како сон, не можев да поверувам што се случува. Уште еднаш ни покажа дека покрај тоа што е фантастичен играч, тој е и голем човек“, раскажа Гонклавес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Дајк: Ако продолжиме вака нема што да бараме

Капитенот на холандскиот национален тим Вирџил Ван Дајк истакна дека „лалињата“ мора да ја…