Женскиот фудбалски клуб Љуботен се враќа на Градскиот стадион по неколку неделната борба со Општината.
Општина Тетово од некои причини претходно не дозволуваше ЖФК Љуботен да игра на Градскиот стадион иако условите беа исполнети. Сепак, сега фудбалерките на тетовскиот клуб ќе можат да го користат Градскиот стадион и токму на него ќе го играат дербито против ЖФК Тиверија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Соопштението на ЖФК Љуботен ви го пренесуваме во целост:
Тоа што пред неколку недели го ветија раководните луѓе на Градскиот стадион во Тетово тоа и го исполнија, дерби натпреварите од првата женска фудбалска лига ЖФК ЉУБОТЕН да ги игра на Градскиот Стадион во Тетово!
Па така дерби натпреварот од 10тото коло помеѓу екипите на ЖФК Љуботен и ЖФК Тиверија ќе се одигра во сабота 04.11.2023год. со почеток во 13:00часот на Градскиот стадион во Тетово!
Повик до сите вљубеници во спортот посебно во фудбалот во што поголем број да го проследиме овој дерби дуел и заедно да го бодриме ЖФК Љуботен до нова победа!