НБА лигата ги објави новите резултати од гласањето на фановите за „Ол-Стар“ натпреварот, а она што се забележува во прв момент е неверојатно високиот пласман на Лука Дончиќ.
Доказ дека 19 годишниот Словенец навистина блеска во најсилната кошаркатска лига е тоа дека има повеќе гласови од една од најголемите ѕвезди во НБА, Стеф Кари.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Лука Дончиќ на овој пресек собра 2.220.077 гласови, а на Западот единствено повеќе има само Леброн Џејмс – 2.779.812.
Овогодинешниот „Ол Стар“ се игра на 17-ти февруари во Шарлот, а гласовите од публиката се само 50% од изборот. Преостанатиот процент се бира од страна на играчите и претставниците на медиумите.
Остатокот од ростерот традиционално го пополнуваат тренерите, но вреди да се потсети дека од минатата година нема натпревар помеѓу Западот и Истокот, иако и од двете конференции доаѓаат ист број играчи.
