Дома Трансфер зона Гигантите од Манчестер ја сакаат ѕвездата на Милан

Гигантите од Манчестер ја сакаат ѕвездата на Милан

Градските ривали од Манчестер на лето ќе водат голема битка за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат медиумите на Островот.

Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра и доколку го сакаат треба да ја платат таа сума бидејќи Милан не сака да преговара за негов трансфер.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


22 годишниот фудбалер ја игра втората сезона како член на Милан по неговиот трансфер од Емполи и со своите настапи го привлече вниманието на големите европски екипи кои го посакуваат во своите редови.

Минатата година Бенсер пристигна на Сан Сиро откако беше прогласен за најдобар играч на Африканскиот куп на нации и се етаблираше како еден од клучните фудбалери во тимот на Пиоли.

Поради тоа „росонерите“ ќе направат се за да го задржат и веќе спремиле нов договор за Алжирецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…