Додека Јирген Клоп го подготвува теренот за да донесе нови засилувања во Ливерпул, германските новинари лицитираат со неговото име како нов селектор на нивната репрезентација.
Имено, германската репрезентација е во многу тешка ситуација и селекторот Ханси Флик е под голем притисок од јавноста.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Причината се секако многу лошите резултати во последно време и јавноста смета дека тој не треба да биде селектор на следното Европско првенство.
Во германските медиуми се појави веста дека тренерската функција ќе ја преземе актуелниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп.
Менаџерот на Јирген Клоп, Марк Косике, реши да проговори за тоа.
Јирген има долгогодишен договор со Ливерпул, а германската репрезентација има селектор. Со оглед на сето тоа, за нас тоа не е тема“, беше јасен Косике.
Клоп го презеде тимот на Ливерпул во 2015 година, а со овој тим ја освои Лигата на шампионите, како и Премиер лигата.
Неговиот договор истекува во 2026 година и многу е тешко да се помисли дека наскоро ќе го напушти овој тим.
Кога станува збор за Германија, работите не им одат добро во последно време. Не ја поминаа ни групната фаза на последното Светско првенство во Катар.
Пред тоа беа елиминирани во осминафиналето на Евро. Годинава одиграа пет пријателски натпревари и остварија само една победа.