Македонскиот ракометен ветеран Игор Тоскоски на 44 години е дел од германската ХСВ Аполда
Тимот на Аполда поточно помошникот Андреас Шопе му приреди на Тоскоски пријатно изненадување за неговиот 44-ти роденден честитајќи му го на македонски јазик.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоскоски во минатото беше дел до тимот на Пелистер кој ја освои последната двојна круна во сезоната 2004/2005. Во Пелистер го делеше голот со имиња како Петар Ангелов (Диви), Никола Митревски, Марјан Андонов, Стефче Стефановски, Шандор Ходик, Виктор Горбах, Дамјановиќ, Петар Мисовски, Чаневски…
Покрај Пелистер го носеше дресот уште на Слога Добој и Доукас од Грција со кој освои двојна круна. Под водство на Гино Стрезовски два пати добиваше повик во репрезентацијата на Македонија.