Дома Македонски спорт Екс-пелистерците Талевски и Тоскоски ги одмерија силите во пријателски меч во Германија 📸

Екс-пелистерците Талевски и Тоскоски ги одмерија силите во пријателски меч во Германија 📸

Јован Талевски екс играчот на Е.Пелистер 2 со новиот клуб ЕСВ Локомотов Пирна и тренерот Душан Миличевиќ на пријателски двобој против уште еден екс пелистерец Игор Тоскоски на гости во Аполда во рамките од припремни натпревари пред стартот на новата сезона во Мителдојче оберлигата (4-та по ранг во Германија)

На крајот пресметката заврши со победа на Локомотив Пирна со 25:27, откако на полувремето беше 13:12.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Две играв во Хомбург втората година го освоивме шампионатот се пласиравме во 3-тата лига. За подобра иднина се преселив тука во Локомотив Пирна преубав град околина одлични луѓе што тоа ми се допаѓа мене и има хемија измеѓу сите нас. Навистина посериозна организација во клубот каде покрај ракометот почнав да работам и во Волкс Банк и исто така не е тајна дека атакуваме на првото место оваа сезона покрај сите други конкурети .

Претходниот противник од кој загуби екс екипата на Јован Талевски – Хомбург за пласман на Германскиот Аматерски Клуб беше Интерактив на Филип Лазаров кој потоа и го освои турниорот . На турнирот исто така учествуваше и ХСВ Аполда на Игор Тоскоски кој и покрај неговите 18 одбрани против домаќинот екипата на Гелпе по продолженија го загубија полуфиналето и за нас посакуваниот дуел помеѓу Лазаров и Тоскоски .

Jован Талевски во кариерата го носеше дресот на Вардар, Работнички Прилеп, Јозгат, Анкара Слобода Тузла, Еурофарм Пелситер 2, Хомбург и сега во Пирна

Изјава по натпреварот даде и вториот Македонец во натпреварот Игор Тоскоски од спротивната страна.

„Денешниот матпревар беше еден квалитетен тест иако и кај нас исто како и во Пирна ни фалат повредените играчи , ние водевме 55-минуту тие беа посреќни, иако резултатот не игра голема улога видов што може мојата екипа со новите тројца играчи повторно дадов шанса на сите играчи се надевам ќе бидеме на едно ниво погоре што и беше клучно за победата на гостите на овој меч тие фатија второ пол. 6-7 зицери а нашите 3 .

За познатството со Душан кога ние влеговме од Туринген во Обердојче тие како тим нас не не познаваа но кога тој го видел моето презиме знаел дека се работи за позната битолска ракометна школа. Тој меч ние го добивме, како и наредните 3-4 години 70% ги победувавме во меѓусебните дуели, но неговата Пирна расте секоја година,. Оваа година направи добра екипа откако и тој доби Мастер Лиценца за тренер и мислам дека се кандидати за првите пет места можам да речам и за првото додека нашиот тим е стабилен во средината, ни недостасуваат уште едно-две засилувања“, изјави Тоскоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…