Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонски голман во Германија и на 42 години има по 15 одбрани на натпревар! (фото+видео)

Македонски голман во Германија и на 42 години има по 15 одбрани на натпревар! (фото+видео)

Македонскиот ракометен ветеран Игор Тоскоски и на 42 години брани успешно во редовите на Аполда од Германија.

Минатата година Тоскоски го продолжи договорот со Аполда, тим каде што брани веќе девет години. И покрај годините Тоскоски редовно брани на голот на германскиот нисколигаш, а договорот кој го потпиша има важност до наредната година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интересно е што и покрај неговата возраст во моментите кога го потпишуваше договорот минатата година имаше и понуди од други клубови, но сепак одлучи да ја продолжи верноста кон Аполда.

На голот на Аполда, Тоскоски беше и во изминатиот викенд кога неговиот тим играше против тимот на Фрајберг. Својот квалитет Тоскоски го покажа и на оваа средба на која собра дури 15 одбрани, а од тие удар два беа од седмерци.

Тоскоски беше дел до тимот на Пелистер кој ја освои последната двојна круна во сезоната 2004/2005. Во Пелистер го делеше голот со имиња како Петар Ангелов (Диви), Никола Митревски, Марјан Андонов, Стефче Стефановски, Шандор Ходик, Виктор Горбах, Дамјановиќ, Петар Мисовски, Чаневски…

Покрај Пелистер го носеше дресот уште на Слога Добој и Доукас од Грција со кој освои двојна круна. Под водство на Гино Стрезовски два пати добиваше повик во репрезентацијата на Македонија.

(5:50-6:10 одбраните на Тоскоски)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …