Дома Фудбал Репрезентации Германците го молат Крос да игра на Мундијалот

Германците го молат Крос да игра на Мундијалот

Во Германија се ободуваат да го убедат Тони Крос да се врати во националниот тим за престојниот Мундијал, соопштува „Радио Марка“.

32-годишниот плејмејкер се повлече од репрезентацијата пред една година по завршувањето на Европското првенство.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во моментов, сепак, тој е во одлична форма, поради што во татковината бараат опција како повторно да го облече дресот на германската фудбалска репрезентација.

Ова изгледа како тешка задача бидејќи деновиве Крос даде интервју во кое беше категоричен дека во Светското првенство ќе ужива само на ТВ.

Крос беше дел од репрезентацијата на Германија која го освои Светското првенство во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…