Жозе Мурињо се соочува со проблеми во Тотенхем, а подолго време во фудбалската јавност се поставува прашањето – „дали тој се уште е специјалниот?“
Без сомневање Мурињо е еден од најдобрите стратези во последните 20 години, но многумина ќе кажат дека неговото време е поминато. И во Манчестер Јунајтед претходно и сега во Тотенхем Жозе никако не успева да ја наметне својата фудбалска филозофија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германскиот медиум „Auswärtsspiel“ смета дека го лоцирале проблемот и порачуваат – на Мурињо му треба „Нов Горан Пандев“. Сите добро се сеќаваат како Пандев се жртвуваше во Интер и место на својата позиција прифати да игра на позиција која му ја „измисли“ Мурињо.
Во Интер Пандев играше нешто попвлечено и беше еден вид точка на поврзување со нападот и одбраната.
Може да се забележи дека Мурињо денес ја нема онаа контрола над соблекувалната која ја имаше во минатото, кога воведуваше вистинска дисциплина и се слушаше само неговиот збор.
Новинарот кој ја пишува колумната напоменува дека сега на Жозе му е потребна нова идеја, некој кој ќе му верува и ќе спроведува се што тој замислува или поедноставно, нов „Пандев“…Дали ќе го најде времето ќе покаже.