Дома Фудбал Останато Генијалците од македонскиот третолигаш сега го повикаа Жозе Мурињо

Генијалците од македонскиот третолигаш сега го повикаа Жозе Мурињо

Македонскиот третолигаш ФК Осогово веќе докажа дека е светлосни години пред останатите македонски клубови кога во прашање е маркетингот и работењето на друштвените мрежи кои денес се главна алатка за промоција.

Неодамна овој клуб еден свој играч смести во друштво на светските фудбалски ѕвезди, а сега ја искористија главната тема во фудбалскиот свет – отказот на Жозе Мурињо.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Тие преку својот Твитер му понудиија да дојде во Македонија и да биде нивни тренер.

„Мурињо дојди кај нас. Нема ништо да загубиш, сигурно ќе бидеме шампиони, а покрај тоа ќе го научиш и македонскиот јазик“, гласи твитот на македонскиот третолигаш од Кочани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пол Погба: Не сум завршил со фудбалот

Францускиот фудбалер Пол Погба го коментира своето враќање на теренот по долго отсуство на…