Многумина го сметаат како визионер тренер, еден од најсериозните, ако не и најсериозниот на денешницата. Меѓутоа, ниту Пеп Гвардиола не е имун на омилен спорт на многу менаџери – френетично трошење на клупските пари на засилувања.
Така менаџерот на Манчестер Сити во овој трансфер период потроши 240 милиони евра. Интересното е тоа што половина од тие пари ги потроши на одбранбени играчи, дури 138 милиони. Всушност, само последното купување на Бенџамин Менди изнесуваше половина од таа сума – 57 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инаку, од 2008. година кога го превзеде тимот на Барселона, вкупно на засилувања во Барселона, Баерн и Манчестер Сити потроши 998.400.000 евра. Како што тргна во овој трансфер период, Гвардиола е многу блиску да ја сруши границата од милијарда потрошени евра на трансфери, а во тој клуб веќе се Жозе Мурињо и Карло Анчелоти.
Поточно, му недостасува уште само еден трансфер за такво нешто. А кандидати има, од Алексис Санчез до Килијан Мбапе, а можеби тоа и повторно да биде некој играч од одбраната.