Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола сака да направи голема реконструкција на лето, а особено внимание ќе обрати на бековите, каде Коларов, Клиши и Бакари Сања најверојатно ќе бидат заменети со нови играчи.
Англиските медиумите пренесуваат дека првата желба на Гвардиола за позицијата лев бек е Роуз, одличниот 26-годишен Англичанец кој настапува за тимот на Тотенхем.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Роуз има феноменална сезона во дресот на „спарси“ и се етаблираше како еден од најдобрите бекови во Премиер лигата, а „граѓаните“ се одлучи во намерата да го донесат на „Етихад“.
Имено, Сити е спремен да плати 50 милиони фунти и со тоа да ја победи конкуренцијата, бидејќи и Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за англискиот репрезентативец.