Дома Фудбал Останато Гвардиола се потсети каков бил како играч: Бев спор, со слаб шут, немав дриблинг…Но преживеав

Гвардиола се потсети каков бил како играч: Бев спор, со слаб шут, немав дриблинг…Но преживеав

Пеп Гвардиола во интервју за Јутуб каналот „Пост Јунајтед“ зборуваше за некои интересни детали од својата кариера.

Сегашниот тренер на Манчестер Сити се потсети на времето кога бил играч во Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Најдобар бев на 23 или 24 години. Бев чуден играч, без некој добар шут, без дриблинг, лош во скокот, бев спор…Но преживеав во таа Барселона затоа што ми одговараше начинот на игра. Мислам дека денес не би имал шанса затоа што играчите се подобро спремни“, изјави Гвардиола.

Гвардиола пред Сити го водеше Баерн со кој доминираше во Бундес лигата, но како и до сега со Сити не успеа да направи исчекор во Лигата на шампионите. Во полуфиналето во сезоната 2013/2014 изгуби во  Мадрид 1:0, а во реваншот Реал го прегази Баерн со 4:0.

„Тоа беше мој најтежок пораз во тренерската кариера и ја превземам целата одговорност. Направив неколку нелогични потези и со таква игра против Реал немавме шанса. Беа фантастични“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…