Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола имаше што да им замери на своите играчи по првиот овосезонски пораз на „Итхад“.
Четврти пат од почетокот на сезоната, Манчестер Сити доживеа пораз, но вечерашниот се разликува од претходните по тоа што е забележан на домашен терен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шахтјор, Ливерпул и Виган успеаа да слават против екипата на Пеп на домашен терен, а Базел е првиот клуб кој во тековната сезона славеше на „Итхад“.
„Среќни сме поради пласманот во четвртфиналето, тоа не радува“, го почна своето излагање по дуелот со Базел, Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити е поразен од Базел со 1:2 во реванш мечот во осминафиналето во ЛШ, но поради убедливиот триумф од првиот меч, „Граѓаните“ се најдоа во следната фаза.
„Во второто полувреме не напаѓавме, речиси и да заборавивме на додавањето топки… Второто полувреме, беше лошо, многу лошо“, додаде Гвардиола.
Интересна е констатацијата на Каталонецот, бидејќи фудбалерите на Манчестер Сити сигурно не заборавиле да „додаваат топка“ што потврдува и статистиката.
Од кога во ЛШ се следи статистиката на пасовите, никогаш не е забележан поголем број додавања на еден меч од страна на една екипа. Манчестер Сити постави нов рекорд во ЛШ со 978 додавања.
„Разликата во четвртфиналето ќе биде во нивото на кое ќе бидат клубовите кои минаа натаму. Ќе биде многу тешко. Ќе се обидеме да бидеме спремни и да одговориме на вистински начин како што тоа го правевме на претходните натпревари“, истакна Гвардиола.
Манчестер Сити со крупни чекори оди кон шампионската титула во Премиер лигата, а останува да се види кого „Граѓаните“ за противник ќе добијат во четвртфиналето во ЛШ.