Дома Фудбал Англија Гвардиола незадоволен од победа со 2:0

Гвардиола незадоволен од победа со 2:0

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не беше задоволен од синоќешната победа на неговиот тим против Кардиф.

Граѓаните славеа со 2:0 со головите на Де Брујне и Сане, а шпанскиот тренер не беше задоволен бидејќи екипата промашува голем број шанси.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Гвардиола смета дека неговиот тим треба да постигнува повеќе погодоци.

„Одигравме добар натпревар, така и почнавме со одличен гол на Де Брујне. За жал, промашивме многу шанси, мораме да постигнуваме повеќе погодоци.“ – изјави Пеп.

Пеп ја прокоментира и повредата на Александар Зинченко. Овој фудбалер се повреди во текот на првото полувреме и се чини дека нема да биде спремен за натпреварот во ФА купот кој е на распоредот овој викенд.

„Не изгледа добро. За сега немам многу детали и не можам точно ништо да кажам, но не изгледа добро за следниот натпревар.“ – изјави Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дончиќ испиша историја: Никој друг нема старт како него во Лејкерс!

Словенскиот кошаркар Лука Дончиќ се запиша во аналите на историјата, покажувајќи се како н…