Дома Фудбал Останато Гвардиола главен фаворит за селектор на Бразил

Гвардиола главен фаворит за селектор на Бразил

Фудбалската репрезентација на Бразил според последните информации го сака Пеп Гвардиола за селектор.

Гвардиола во овој момент го води Манчестер Сити со кој се бори за освојување на Премиер лигата и Лигата на шампионите, но се верува дека на крајот од договорот ќе се раздели со англискиот клуб и дека од летото 2023 година ќе биде спремен за нови предизвици.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој предизвик би можела да биде репрезентацијата на Бразил која на Светското првенство во Катар ќе ја предводи Тите. Тите после Мундијалот најверојатно ќе си замине, па Бразилците ќе бараат нов селектор.

Иако главниот фокус е освојување на Светското првенство, во бразилскиот фудбалски сојуз сепак, мораат да гледаат во иднината и да бараат нов селектор. Една од главните желби е Гвардиола.

Наводно Бразил на Гвардиола му понудил договор до крајот на Светското првенство во 2026 година и му нудат плата од 12 милиони евра годишно, што сепак е помалку од она што го добива во Сити, 20 милиони евра.

На кормилото на Манчестер Сити Пеп дојде во 2016 година и освои три титули во Англија и сезонава може да стигне и до четвртата. Претходно со Баерн три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а со многу успех ја водеше и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…