Дома Фудбал Англија Гвардиола: Габриел Жесус е како лубеница!

Гвардиола: Габриел Жесус е како лубеница!

Габриел Жесус со голема репутација пристигна од Палмеирас за сума од 27 милиони фунти, но Гвардиола смета дека неговото купување е исто како да купуваш лубеница.

19-годишниот Бразилец синоќа за прв пат беше стартер за „граѓаните“ и одигра одлично запишувајќи асистенција и гол.

„Никогаш не знаете. Тоа е како лубеница. Треба да ја отворите за да знаете дали е добра или не. Изгледа добро, млад е, но има силен менталитет“, изјави Пеп.

„Габриел Жесус е борец со инстикт за гол и знае да асистира. Против Кристал Палас имаше фантастична асистенција, против Вест Хем исто. Тој има соништа кои сака да ги оствари во кариерата, сака да стане нешто во светскиот фудбал и ние ќе се обидеме да го извадиме тоа од него“, додаде каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…