Шпанска „Марка“ пренесува дека македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми е на мета на Валенсија во потрагата на Гатузо по квалитетен играч од средниот ред.




Наводно, Гатузо разговарал со сопственикот на Валенсија, Питер Лим и го известил дека во јануари сака да доведе искуен играч за врска.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Адеми ги исполнувал сите критериуми кои ги поставил Гатузо, па така се истакнал меѓу фаворитите за оваа позиција. Се додава дека поради годините Адеми не би имал висока цена и платата не би била проблем за шпанскиот гигант.




Но, во текстот на „Марка“ се додава дека интерес за Адеми покажале и два клуба од Премиер лигата.




Адеми и во минатото имаше можност да замине од Динамо Загреб, меѓутоа досега ги одбиваше сите понуд и токму затоа изгради статус на клупска легенда на „модрите“.
En directo, el mercado de fichajes del Valencia CF hoy: Ademi, Arambarri y la hora de Lim https://t.co/SiWROHQjJR
— ElDesmarque VCF (@ElDesmarque_VCF) January 14, 2023