Дома Фудбал Останато Гатузо во Милан може да биде наследен од Португалец?

Гатузо во Милан може да биде наследен од Португалец?

Џенаро Гатузо го напушти Милан, а од тој момент во италијанската јавност многу се пишува за тоа кој ќе го наследи на клупата на „росонерите“.

Со Милан претходно се поврзуваше актуелниот тренер на Сампдорија Марко Џампаоло како фаворит, но сега во Италија се пишува за ново име.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Според информациите на реномираниот италијански медиум „Тутоспорт“ Милан сака на клупата на овој тим да го доведе Португалецот кој го води Порто, Сержо Консеисао.

Овој човек наводно е желба на „Елиот“ групата која е сопственик на италијанскиот гигант.

Меѓутоа се наведува дека од Италија не е заинтересиран само Милан за Консеисао. Покрај „росонерите“ на својата клупа овој Португалец сака да го види Лацио од каде што се очекува да си замине Симоне Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн остана со празни раце: Вирц испрати јасна порака до Минхен и го избра неговиот нов клуб

Иако се чинеше дека Флоријан Вирц ова лето сигурно ќе потпише за Баерн Минхен, дојде до го…