Реномираниот „Гардијан“ направи анализа пред Мундијалот во Катар после репрезентативните натпревари во изминатите седум дена.
Во анализата тие направија редослед на најголемите фаворити за освовјување на Мундијалот. Според анализата на „Гардијан“ високо е рангирана соседна Србија, дури на 10-тата позиција.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Прв фаворит за Мундијалот според оваа листа е Бразил кој на последните 29 натпревари изгуби само еднаш. Меѓутоа треба да се спомене дека во тие 29 натпревари од поразот од Белгија на Светското првенство во Русија против европски селекции „Кариоките“ играле само три пати.
Во првите 10 се уште: Аргентина, Шпанија, Холандија, Германија, Данска, Франција, Хрватска и Англија.
Бразил на Мундијалот ќе игра во група со Камерун, Швајцарија и Србија.