Дома Останати Ракомет Вчера се случи ракометна сензација: Светскиот шампион изгуби во Подгорица!

Вчера се случи ракометна сензација: Светскиот шампион изгуби во Подгорица!

Вчера се случи ракометна сензација!

Светскиот шампион Данска падна во Црна Гора! Репрезентацијата на Данска доживеа пораз на гостувањето во Подгорица со 32:31 од силно мотивираната екипа на селекторот Зоран Рогановиќ, која на теренот беше предводена од голманот Небојша Шимиќ кој бранеше чудесно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шимиќ го бранеше и возможното и невозможното, стигна до 16 одбрани со кои помогна неговиот тим да ја оствари првата во квалфикациите после очајниот старт, ремито со Фарски Острови 24:24 и поразот од Украина со 29:24.

Најефикасен во составот на Црна Гора беше Милош Божовиќ кој постигна седум голови, Милош Вујовиќ додаде пет. На другата страна Микел Хансен постигна осум, а освен тоа и делеше одлични топки за соиграчите, но тоа не беше доволно.

Втор најефикасен кај Данците беше Сван Хасен кој шест пати беше прецизен.

И покрај победата Црногорците не се на втората позиција и тешко дека ќе успеат да бидат, со оглед на тоа дека ги чека гостување Данска, а за пласман на ЕП 2020 веројатно ќе им биде потребна и победа над Украина.

Табела

Украина 6

Данска 4

Црна Гора 3

Фарски Острови 1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…