Дома Фудбал Останато Вчера беше досуден пенал за прекршок надвор од шеснаесетникот, еве како е можно

Вчера беше досуден пенал за прекршок надвор од шеснаесетникот, еве како е можно

Вчера на Алијанц Ривера беше одигран натпреварот од осминафиналето во Купот на Франција помеѓу Ница и Лион. Гостите на крајот победија со 1:2 и се пласираа во четвртфиналето.

Лион го отвори резултатот во 15. Минутап реку Дембеле, а за нови возбудувања се чекаше финишот на натпреварот. Се играше 89. минута кога Оунас изедначи.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во судиското продолжение се случи една ретко видена ситуација. Еден играч на Лион во обид да нафрли беше фаулиран од страна на фудбалерот на Ница. Прекршокот се случи надворо од теренот, па поради тоа судијата покажа на белата точка. Оуар ја реализираше најстрогата казна и го одведе Лион во четвртфиналето.

„Ако играчот го напушти теренот за игра како дел од играта и направи прекршок против друг играч, играта продолжиува со слободен удар, на граничната линијата на местото најблиску до прекршокот. Во случај прекршокот да биде направен под шеснасесентикот се досудува најстрога казна“, гласи правилото за вакви ситуации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Антони го одбил Баерн на последниот ден од трансферниот прозорец

Бразилското крило Антони откри дека бил во контакт со Баерн Минхен малку пред да го финали…