Првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар нема да игра во вчерашниот натпревар од Лига Купот против Стразбург.
Најскапиот фудбалер во светот доби дозвола од клубот да си замине во Бразил, поради наводни семејни проблеми. Но, семејните „проблеми“ се навистина бизарни. Бразилските медиуми тврдат дека Нејмар пристигнал на роденденот на таткото на својот пријател и завршил некои обврски на заболекар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Очигледно првата ѕвезда на тимот од Париз добива апсолутно се што сака. Тој претходно отворено побара од раководството на тимот да не игра на натпреварите кои се сметаат за неважни, а изгледа дека натпреварот против Сразбург јасно покажува како во клубот му излегоја во пресрет.
Нејмар и во текот на играњето за Барса често патуваше во Бразил. На почетокот на оваа година самоволно отиде на роденденот на сестра му и тоа во клубот не го прифатија, но и не го казнија. Во ПСЖ сосема сигурно нема да добие казна. Веќе се навикна да му ги исполнуваат сите желби и прашање е како соиграчите ќе поднесат Нејмар да биде пред сите други.