Веќе стана јасно дека Масимилијано Алегри ќе биде нов тренер на Јувентус.
Овој 53 годишен стратег се враќа на клупата на „старата дама“ после две години, а таму ќе го замени Андреа Пирло на кого ќе му биде врачен отказ после само една сезона на местото тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алегри со Јувентус постигна договор за соработка на четири години и договор вреден 36 милиони евра и се очекува да има целосна слобода во креирањето на на тим. Во Јувентус Алегри ќе има улога баш онаква каква што имаат англиските менаџери.
Со Алегри се очекуваат промени, а една од нив може да биде заминување на Кристиано Роналдо. Алегри не беше за Роналдо кога си заминуваше и неговата идеја и тогаш, а најавите се и дека сега ќе биде така, екипата да ја гради околу Паоло Дибала.
Одличниот стратег екипата ја водеше на 271 натпревар и оствари учинок од 191 победа, 43 нерешени резултати и 37 порази. Со Роналдо соработуваше во сезоната 2018/2019.