Трагедија го погоди фудбалот во Црна Гора откако 21-годишен фудбалер на прволигашот Језеро загина во собраќајна несреќа.
Младиот фудбалер бил пренесен во болница каде што докторите се бореа за неговиот живот, но сепак на крајот не успеаа да го спасат. Мирза Ѓурѓевиќ летово пристигна во тимот на Језеро од Петровац, клуб каде што помина три сезони. Во кариерата одигра 63 натпревари во првата црногорска фудбалска лига.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Борбата за животот на фудбалерот докторите ја водеа 24 часа, меѓутоа Ѓурѓевиќ им подлегна повредите.