Дома Фудбал Италија Во сенка на „Златната топка“ вчера во Италија се избираа најдобрите

Во сенка на „Златната топка“ вчера во Италија се избираа најдобрите

Доделувањето на „Златната топка“ вчера беше централно случување, но оваа иста вечер се доделени и наградите за најдобрите во италијанската Серија А.

Асоцијaтијата на фудбалери во Италија организираше церемонија на која се доделуваа наградите за најдобрите од минатата сезона, а очекувано најмногу награди завршија кај членовите на Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус беше избран за најдобар тим во сезоната 2017/2018, а Масимилијано Алегри за најдобар тренер што и не зачудува поради доминацијата на „старата дама“.

Џанлука Роки е прогласен за најдобар судија. Најдобар млад играч од Серија Б е Сандро Тонали, додека голот на Мауро Икарди против Сампдорија беше прогласен за најубав.

https://www.youtube.com/watch?v=CzvxvYHWQsk

За најдобар голман беше избран поранешниот чувар на мрежата на Рома кој сега го носи дресот на Ливерпул, Алисон Бекер.

Во најдобриот тим за минатата сезона беа: Алисон, Кансело, Киелини, Кулибали, Алекс Сандро, Наинголан, Пјаниќ, Милинковиќ-Савиќ, Дибала, Икарди, Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…