Дома Фудбал Останато Во ПСЖ го губат трпението: Мбапе одбил и 40 милиони евра по сезона!?

Во ПСЖ го губат трпението: Мбапе одбил и 40 милиони евра по сезона!?

Aко им веруваме на француските медиуми Килијан Мбапе ја одбил и четвртата понуда да го продолжи договорот со ПСЖ.

Како што се пишува ПСЖ му понудил на Мбапе 40 милиони евра по сезона што е повеќе од сумата која ја добива Нејмар, меѓутоа и тоа не било доволно.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Наводно, ова е веќе четврта понуда која Мбапе ја одбива, па претседателот Насер Ал Келаифи веројатно веќе го губи трпението и му дал ултиматум да каже какви се неговите планови до почетокот на Европското првенство.

Во ПСЖ секако не сакаат да го изгубат Мбапе кој се поврзува со Реал Мадрид, меѓутоа „светците“ ќе немаат многу избор ако Мбапе не го продолжува договорот. Актуелниот договор на Мбапе има важност до 2022 година.

Во случај Мбапе да не го продолжи договорот најверојатно ќе си замине ова лето, ќе видиме дали друг клуб би можел да му понуди плата колку што му нуди ПСЖ. Сепак, можеби желбата на Мбапе е за промена, па финансиите тогаш не би играле толкава улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивавачите на Фенербахче збеснаа: Го обвинуваат Мурињо за големо предавство!

Објавата дека Жозе Мурињо е новиот тренер на Бенфика предизвика остри коментари во Турција…