Дома Трансфер зона Во последен момент ја одби Рома поради понуда од Саудиска Арабија

Во последен момент ја одби Рома поради понуда од Саудиска Арабија

Бразилскиот фудбалер Бернар до крајот на зимскиот преоден рок скоро сигурно ќе го напушти Евертон.

Бернар во досегашниот дел од сезоната одигра само 11 натпревари во сите натпреварувања и јасно е дека не е во прв план на Карло Анчелоти.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


За неговото заминување се шпекулира веќе некое време, а се чинеше дека Бернар кариерата може да ја продолжи во Серија А во дресот на Рома.

Меѓутоа, од тоа нема да биде ништо бидејќи Бразилецот одлучи негова следна дестинација да биде Саудиска Арабија. Тој ги договори сите услови со екипата на Ал-Наср и се очекува во следните денови трансферот да биде реализиран.

Рома имаше намера да го донесе Бразилецот, но тој се одлучи за Саудиска Арабија поради финански подобрата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид е подготвен за лето, два договора од 300.000.000 евра по сезона

Реал Мадрид апсолутно ја користи фактот дека е еден од најгледаните клубови во светот, а н…