Манчестер Јунајтед во текот на оваа недела би требало да му даде траен договор на Оле Гунар Солскјер.
Како што пишува британски „Телеграф“, Оле Гунар Солскјер ќе добие траен договор на „Олд Трафорд“, а клубот официјално одлуката за именување на норвешкиот стратег ќе ја соопшти во текот на оваа недела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сослкјер го превзема Манчестер Јунајтед од Жозе Мурињо и пристигна како привремено решение до крајот на сезоната.
Сепак Норвежанецот работи фантастично на „Олд Трафорд“ и нема причина да се бара нов менаџер. Манчестер Јунајтед под негово водство е како препороден тим, а се избори и за четвртфинале во Лигата на шампионите каде што ќе игра против Барселона.
Покрај Солскјер во клубот ќе останат и неговите помошници. Така тој уште на располагање ќе ги има: Мајк Филан, Мајкл Керик, Киеран Мек Кин и Марк Демпси.
Норвежанецот има голема поддршка помеѓу играчите, а последен кој јавно му искажа поддршка беше српскиот фудбалер Немања Матиќ.
„Мислам дека тој е одличен менаџер. Морам тоа да го кажам и за екипата која работи со него. Сите се навистина одлични, работат како тим и не е само Оле заслужен за се. Луѓето кои се со него многу ни помагаат. Ќе бидам среќен ако остане“, порача Матиќ.
Солскјер од доаѓањето во Манчестер Јунајтед кон крајот на декември го водеше тимот на 19 натпревари, дури на 14 забележа победи, два пати одигра нерешено и три пати Јунајтед беше поразен.