Вардар полека го гради тимот за наредната сезона, откако беа потврдени останувањата на неколку важни ракометари, денес пристигнува и информација за засилување од Португалија.
Имено, Мигел Мартинс Соареш ќе биде новиот организатор на играта на Вардар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Соареш е 22 годишен талентиран среден бек, висок 192 сантиметри и има 22 години. До оваа сезона играше за Порто со кој и гостуваше во Скопје во рамките од Лигата на шампионите.
За Порто постигна 43 гола и беше трет стрелец во тимот, а потенцијалнот кој го има го демонстрираше и на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка. Португалија на ова ЕП беше големо изненадување и го освои шестото место, а Соареш постигна 19 гола и подели 25 асистенции.
Ќе потсетиме, вчера пристигна и информацијата за доаѓањето на францускиот голман Робин Кантеграл (неговите квалитети погледнете ги тука).