Заменик претседателот на Барселона. Џорџи Мастре истакна дека клубот не бил задоволен што компанијата, која е во сопственост на Жерард Пике, издаде видео во кое Антоан Гризман соопшти дека кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.
Каталонскиот клуб во текот на трансфер периодот се обиде да го доведе 27-годишниот Французин, но од договорот немаше ништо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ја почитуваме одлуката на Гризман, како и сите одлуки на било кој фудбалер. Ние официјално испративме понуда, но до соработка не дојде. Ќе зборуваме со Пике во врска со неговото учество во видеото во кое е соопштена одлуката за останување на Гризман. Бевме изненадени“, изјави Мастре.
Во меѓувреме Пике со репрезентациајта на Шпанија забележа едно реми и победа на Светското првенство.