Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.
Без никакви дилеми вечерта ја обележи вонсерискиот настап на Џејмс Харден кој продолжува да ги поместува границите. Против Мемфис Харден отиде поентерски најдалеку оваа сезона.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Може да се каже сам ја обезбеди победата за неговиот тим бидејќи во триумфот од 112:94 постигна неверојатни 57 поени! Хјустон играше без тројца стартери, Капел, Пол и Гордон.
Немаше никаков проблем, Харден може сам – буквално! Му помоагнаа Риверс со 11 поени, Грин 14 и Хаус со 15.
Последните 11 натпревари на Џејмс Харден поентерски изгледаат навистина страшно: 41, 45, 41, 43, 44, 38, 32, 42, 43, 38, 57.
Харден против Мемфис собори и рекорд по бројот на поени до полувремето, уфрли дури 36 поени. Вакво нешто не направил никој претходно во тимот од Тексас.
Веројатно страшниот Харден ќе ја поминеше и границата од 60 поени, доколку Дантони го оставеше во игра до крајот на натпреварот, но немаше потреба од ризик. Харден беше заменет на четири минути пред крајот.
https://youtu.be/h7rn1QgicAw
НБА резултати:
Бруклин – Бостон 109:102
Хјустон – Мемфис 112:94
Сан Антонио – Шарлот 93:108
Јута – Детроит 100:94
Сакраменто – Портланд 115:107
Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс 117:121