На ден 02.03.2021 година на одржаното редовно Собрание на Скијачката Федерација на Македонија Скопје (СФМ) за Претседател на Федерацијата беше избран Дејан Пановски од Скопје.
Од федерацијата, по повод последните информации кои што се пласираат во јавноста од страна на поединци и клубови кои имаат намера да ја блокираат работата на Федерацијата укажуваат дека истите тие како дел од Скијачката Федерација на Македонија се повлекле од работата на редовното собрание и сега користејќи ги обележјата на Федерацијата лажно се претставуваат како официјални лица на истата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ваквите постапки предизвика бранување во скијачкиот спорт, од причина што објавените планирани трки и настани од овие лица не се поддржани од СФМ и како такви се од ревијален карактер.
Имаме сериозни индиции и цврсти докази за сторено кривично дело од страна на поединци кои што превземале дејствија со цел противправно да изберат органи во Федерацијата, односно одржале “вонредно собрание” врз основа на фалсификувана исправа (иницијатива) и лажно претставување. Како поткрепа на нашите наводи имаме и материјален доказ од кој може да се увиди дека најмалку еден од потписниците на иницијативата лажно е претставен и своерачно не ги потпишал документите, а неговиот потпис е фалсификуван, велат од СФМ.
Од Федерацијата истакнуваат дека во најкус можен рок ќе бидат превземени дејствија пред надлежните органи и ќе бидат поведени соодветни постапки против сторителите.