Дома Фудбал Останато Внимание! Откажувајте СЕ и седнувајте пред ТВ – месец од соништата за фудбалските фанови!

Внимание! Откажувајте СЕ и седнувајте пред ТВ – месец од соништата за фудбалските фанови!

После репрезентативната пауза конечно ни се враќа клупскиот фудбал, а неговата волшебност ќе ја почуствуваме веќе во април месец.

Да започнеме по ред. Прво за викендот не очекуваат неколку одлични натпревари, а како најинтересен ќе го издвоиме италијанското дерби помеѓу Јувентус и Милан кое се игра утре во Торино, додека во недела следи лондонското дерби помеѓу Челзи и Тотенхем. Освен тоа тука е и натпреварот помеѓу Севиља и Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие средби ќе бидат само вовед во четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите. Во вторник очите на фудбалските фанови ќе бидат вперени во Торино каде што Јувентус игра портив Реал Мадрид. Истата вечер на „Санчез Пизхуан“ Севиља го дочекува Баерн Минхен.

Веќе во среда не очекуваат нови возбудвања. На распоред е големото англиско дерби од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити, а истата вечер на „Ноу Камп“ Барселона ја пречекува Рома.

И тоа не е се, во среда се игра и одложеното италијанско дерби помеѓу Интер и Милан.

Веднаш потоа за викендот следат нови дерби натпревари во националните првенства. На „Гудисон“ се игра дербито помеѓу Евертон и Ливерпул, а истиот ден се игра и дербито на Манчестер.

Следниот ден тука е шпанското и дербито на Мадрид помеѓу Реал и Атлетико.

Потоа во текот на неделата следуваат реваншите од ¼ финалето во Лигата на шампионите, па во новиот викенд нови фудбалски спектакли во првенствата. Во Англија играат Тотенхем и Манчестер Сити, во Франција ПСЖ и Монако, додека во Серија А Милан го пречекува Наполи.

До крајот на месецот можеме да наброиме и уште неколку европски дерби натпревари, а секако најголемото ќе биде во Торино каде што Јувентус го пречекува Наполи во натпревар кој можеби ќе го одлучи шампионот на Италија.

Баерн Леверкузен – Баерн Минхен (17 април)

Фенербахче – Бешикташ (19 април)

Манчестер Јунајтед – Тотенхем (21 април)

Јувентус – Наполи (22 април)

Првите натпревари од полуфиналето во Лигата на шампионите (24 и 25 април)

Манчестер Јунајтед – Арсенал (29 април)

Интер – Јувентус (29 април)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тренерска летна „бомба“ – Унаи Емери?!

Eкипата на Баерн Минхен се уште активно бара нов тренер, а сега на списокот желби наводно …