Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Запад: Продолжува битката на Вардар и Воска, Силекс сака нова победа за крај на полусезоната!

ВМФЛ – Запад: Продолжува битката на Вардар и Воска, Силекс сака нова победа за крај на полусезоната!

Со натпреварите од 15. коло во ВМФЛ – Запад денес завршува есенската полусезона.

Неприкосноевениот лидер Силекс гостува во Велешта каде што сигурно ќе сакаат три бода за и со победа да ја завршат полусезоната. Силекс на западот е единствениот тим кој не знае за пораз.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Воска ќе биде фаворит дома против Беса. Воска е на +3 бода во однос на третопласираниот Вардар па во најмала рака во Воска сакаат да ја задржат таа предност.

Вардар на комплекосот на ФФМ ќе го пречека Кадино и не би требало да имаат проблеми, вардарци не смеат да си дозволат кикс затоа што во случај на победа на Воска ќе заостануваат многу на полусезоната.

Во останатите натпревари Гостивар го пречекува Ттекс, а Кораби ќе биде домаќин на Охрид. На врвот на табелата Силекс има 38 бода, Воска 29, Вардар 26, Кораби 19…

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…